Скапите луксузни апартмани на Груевски на Водно ќе се издаваат под кирија ако Владата даде согласност

Пропадна и петтиот обид на државата да ги продаде луксузните станови на Водно кои беа конфискувани од екс премиерот Никола Груевски, како осуден во случајот ,,Плацеви на Водно”.

Агенцијата за управување со одземени имот ги огласи апартманите по намалена цена од по 200.000 евра за секој, но и овој пат не се појавија заинтересирани купувачи.

-За конфискуваниот имот-апартмани во Панорама резиденс кои беа огласени за
продажба ве известуваме дека истите не се продадоа, односно немаше пристигнато ниту една понуда за истите, одговорија од Агенцијата за управување со одземен имот за ,,Фокус”.

Сепак и покај пропаднатите обиди за продажба, од неодамна Агенцијата има уште една можност од овие станови да и овозможи заработка на државата, така што може да ги даде под закуп.

Имено, во октомври 2026 година, Агенцијата за управување со одземен имот донесе „Правилник за спроведување на постапка за давање под закуп на конфискуван недвижен имот“.

Еден од главните услов е конфискуваниот стан или друг недвижен имот претходно да бил понуден на продажба од страна на Агенцијата и останал непродаден дури и по третиот јавен обид за продажба.

Бидејќи становите на Водно го исполнуваат овој услов, ја прашавме директорката на Агенцијата, Ирена Илиевска, дали ќе бидат објавени за давање под закуп.

-Донесовме правилник за закуп, но за да се дадат становите под закуп треба нова постапка со одлука на Управен одбор за закуп, па информација до Влада, за да добиеме согласност, појаснува директорката Илиевска.

Станува збор за три стана во Панорама резиденс, со вкупна површина од 750 квадратни метри. Апартманите се луксузно опремени, а од огромните балкони, со површина на просечен стан, Груевски требало да има неверојатна глетка кон цело Скопје.

Едниот стан од 199 квадратни метри, кој претходно се продаваше за 847.000 евра, во последните два огласи се нудеше за цена од 635.200 евра. Оној од 155 квадратни метри се продаваше за 569.662 евра, а пред два месеци се нудеше за 760.000 евра. И третиот стан од 200 квадратни метри се продаваше за пониска цена од 212.000 евра од претходно, односно за 638.000 евра.

Еден од апартманите е со големина од 155 квадратни метри, со балкон од 48 квадрати. Од објавените фотографии може да се види дека станот располага со џакузи.

Вториот стан е со големина од 199 квадрати, со балкон од 48 метри квадратни, а третиот е речиси со идентична големина, односно од 200 квадратни метри и со балкон од 48 квадрати.

Груевски за „Плацеви на Водно“ првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелација ја преиначи пресудата и му ја зголеми казната на девет години затвор

извор  фокус мк

Back to top button
Close