Два притвори, еден куќен притвор и мерки определи судот за групата приведена во Куманово
Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерки притвор и мерки за претпазливост во рамки на истрага против четири лица, за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружување со цел вршење кривични дела перење пари и изнуда, судија на претходна постапка, по нивното сослушување во присуство на нивните бранители, донесе решенија со кои ги прифати предлозите на јавниот обвинител.

Со решенијата, за осомничените Д.П. и М.К. е определена мерка притвор во траење до 30 дена, поради постоење на законските основи од член 165 став 1 точки 1, 2 и 3 од Законот за кривичната постапка, односно опасност од бегство, опасност од повторување или довршување на кривичното дело, како и опасност од попречување на истрагата со влијание врз сведоци.
За осомничениот Л.К., прифатен е предлогот и е определена мерка куќен притвор, додека за осомничениот Д.Ж. се определени мерки за претпазливост, и тоа одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа за преминување на државната граница.
Со предлогот на Јавното обвинителство е опфатено и уште едно лице, кое во моментот е недостапно за органите на прогонот.
Против донесените решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје





