Ѝ се заканувал дека ќе ги испрати нејзините експлицитни фотографии на семејството ако не му даде пари и не прифати сексуален однос со него

Триесет и шестгодишен скопјанец бил лишен од слобода по пријава од 29-годишна жена дека ѝ се заканувал со испраќање интимни фотографии до членовите на нејзиното семејство доколку не му даде пари и не стапи во сексуален однос со него.

Според Министерството за внатрешни работи, приведувањето се случило на 5 ноември во 9:50 часот во Полициската станица Кисела Вода, по претходно пријавен случај.

Жената пријавила дека Љ.С. (36) се заканувал дека ќе ги испрати нејзините фотографии со експлицитна содржина до нејзиното семејство доколку не ги исполни неговите барања.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок објави Скопје1.мк

Back to top button
Close