Пукање во близина на Белата куќа: Четири лица повредени во Вашингтон

Четири лица се повредени во пукање што се случило во четвртокот наутро во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу 1,6 километри северно од Белата куќа, соопшти локалната полиција.

Засега не се познати точната локација и околностите под кои се случил инцидентот.

Screenshot

Полицијата ги повика граѓаните да го избегнуваат подрачјето на блокот 1500 на 15-та улица, каде што се наоѓаат фитнес-центарот „ВИДА“, црквата „Свети Лука“ и станбени објекти, во близина на супермаркетот „Whole Foods“.

Поголемиот дел од улицата е ограден со полициска лента, а полициски екипи интервенирале на повеќе локации. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close