Ѓорѓиевски: Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР

– Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски соопшти дека синоќа биле запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче и на булеварот „Македонско-косовска бригада“. и бара МВР да ги расчисти случаите и да ги најде сторителите.
-Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот. Ова е удар врз сите скопјани и врз заедничкиот имот, платен со нивни пари. А ако со ова некој мисли дека мене лично ми прави штета, се лаже. Прави штета на градот, овие контејнери се купени со парите на скопјани – пишува тој на „Фејсбук“.
Го повикува МВР веднаш да ги провери снимките од „Safe City“, да ги пронајде сторителите и да испита дали палењата се организирани и политички мотивирани.
– Барам одговорност. Наскоро го завршуваме поставувањето на 200 градски камери за посилен надзор и откривање на ваквите појави и за кои апсолутно нема да има никаква толеранција. Чувајте го Скопје и пријавувајте вандализам. Нема да дозволиме некој да си поигрува со градот. Со законите нема поигрување – напиша градоначалникот на Град Скопје во објава на својот профил на „Фејсбук“






