Маленко тврди дека е ангажиран да го советува Борко Ристовски: Два и пол месеци сум во Министерството за спорт


Поранешниот пливач Александар Маленко откри дека два и пол месеци е советник во Министерството за спорт, назначен од Владата. Во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77, тој потврди дека е ангажиран кај министерот Борко Ристовски, нагласувајќи дека не е член на политичка партија.

На прашањето на водителот дали е советник на премиерот или во Владата, Маленко прецизираше дека неговата позиција е во Министерството за спорт.

„Добив можност со сето свое знаење, искуство, визија… да бидам на позицијата советник во Министерството за спорт“, рече Маленко, дополнувајќи дека е назначен од Владата.

LANDOV Петров: Не би се извинил за промената на името, членството во НАТО е добра работа
Тој изрази надеж дека неговото искуство како поранешен олимписки спортист и професионален спортски работник ќе придонесе за подобрување на нормативите и за создавање подобри услови за младите генерации.

„Ќе оставиме еден добар почеток за подобра иднина за младите генерации во делот на спортот“, рече Маленко.

— реклама —

Водителот го праша зошто ваква можност добил во време на власта на ВМРО-ДПМНЕ, а не во времето на СДСМ, како и дали има партиска книшка.

LANDOV Митовски предупредува: Имавме угинати говеда во близина на изворите за вода за пиење
„Не сум член на политичка партија“, одговори Маленко.

— реклама —

На дополнителното прашање дали партиите се обидувале да го привлечат, тој рече дека сите се обидувале. Не негираше дека во минатото се појавувал на настани и одел на приеми, но нагласи дека со политичарите и функционерите разговарал за спортот и за потребата од отстранување на политичкото влијание.

Според Маленко, политиката треба да се тргне од спортот суштински, а не само преку декларативни заложби и изјави во јавноста. Неговиот став е дека спортот треба да се заснова на факти, резултати и научно потврдени спортски методи.

Back to top button
Close