Петрова Чамова: „Во ЕУ сè помалку нè прашуваат за Македонија, позицијата е јасна“

Во ЕУ сè помалку нè прашуваат за Македонија, што покажува дека нашата позиција е јасна и разбрана од нив“, изјави денеска министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова Чамова, како одговор на прашање за европската интеграција на земјава, според „Бгнес“.
Во врска со ставот на нејзините колеги од ЕУ за европската интеграција на Македонија, со кои разговараше, Петрова рече дека „прашањето се поставува сè помалку и помалку од нив, што покажува дека позицијата на Софија е јасна и разбрана од нив.“
Министерката вели дека кога се поставува темата, прашањата обично се поврзани со тоа дали Бугарија очекува напредок во спроведувањето на веќе договорените обврски од страна на Северна Македонија.
Чамова Петрова повтори дека добрососедските односи се услов за напредок на Македонија на европскиот пат, а тоа, според неа, важи и за Србија и за други земји кандидатки за членство во ЕУ. Бугарија, според министерката, не поддржува безусловно прием на ниту една земја во Унијата, а оваа позиција, како што рече, ќе остане непроменета независно од тоа кој е на власт во Бугарија.






