Во САД купуваат големи количини храна и генератори по прекините во технолошкиот систем
Американците купуваат прехранбени производи, генератори и друга опрема за итни случаи во големи количини по серијата неодамнешни прекини на технолошкиот систем, според извештајот на инвестициската фирма „Мизухо секјуритити“.

Загриженоста на потрошувачите по прекинот на услугата „Outlook“ на „Мајкрософт“, суспензијата на сите летови во СAД и апокалиптичните сценарија што се шират на социјалните медиуми придонесоа за зголемување на продажбата на опрема за итни случаи во „Костко“, напиша аналитичарот Дејвид Белинџер во извештај, пренесува CBS News.
Купувачите складираат храна и други неопходни работи, додека од 26-те поскапи модели на генератори што ги нуди малопродажниот синџир, дури 21 беа распродадени преку интернет во недела навечер, рече аналитичарот.
Неодамнешните прекини, кои го нарушија пристапот до апликациите на „Мајкрософт“, го нарушија воздушниот сообраќај низ САД и ги нарушија банкарските активности во текот на изминатата недела, покренаа прашања кај Американците за можна поширока закана за сајбер безбедноста.
Сите компании негираа дека сајбер нападите се причина за проблемите.
Времето на прекините укажува на зголемената зависност на САД од технологијата, изјави за CBS News Philadelphia, Џон Д’Арси, професор на Универзитетот Темпл, кој ги проучува сајбер безбедноста и дефектите на информациските системи.
„Нашите системи се многу посложени и меѓусебно поврзани од кога било досега, поради што дури и еден дефект може да има многу посериозни последици“, рече Д’Арси






