Температурите ќе се спуштат под нулата, најавено заладување од понеделник

По утринските врнежи од дожд, во текот на денот се очекува стабилизирање на времето и постепено разведрување. Претпладне ќе дува умерен до засилен западен ветер, кој во западните делови повремено ќе достигнува брзина од над 80 километри на час.

Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени, додека максималните ќе достигнат од 14 до 22 степени.

Во Скопје утрото ќе има услови за дожд, а потоа времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, со минимална температура од 10 и максимална до 20 степени.

За време на викендот и на почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со различен интензитет. Од понеделник, под влијание на студен воздушен бран, температурите ќе бидат во опаѓање, а на одделни места се очекува да се спуштат и под нулата објави Скопје1.мк

Back to top button
Close