Техеран ѝ се закани на Европа: Цели ќе бидат земјите што обезбедуваат бази за напади врз Иран!

Портпаролот на Корпусот на чуварите на исламската револуција (ИРГЦ), Сардар Мохеби, денеска изјави дека Иран одлучно ќе одговори на секоја закана и предупреди дека секоја земја чии воени бази се користат за напад врз Иран ќе стане цел на иранските сили.

Зборувајќи за ракетните капацитети на Иран, Мохеби рече дека, доколку Врховниот водач издаде наредба, Техеран би можел да спроведе операции без географски ограничувања, вклучително и напади врз американските бази во Европа, пренесе агенцијата „Тасним“.

Тој наведе дека ограничувањето на дострелот на иранските ракети на 2.000 километри претходно било воведено по наредба на Врховниот водач, но истакна дека Иран претходно веќе ги демонстрирал можностите на ракети со дострел до 4.500 километри.

Мохеби ги отфрли тврдењата на Си-Ен-Ен (CNN) за можна употреба на „валкана бомба“, нарекувајќи ги пропаганда, и предупреди дека Иран ќе возврати доколку САД ги нападнат иранските брани.

Тој додаде дека секоја земја од чии бази американските сили би започнале воени дејствија против Иран, без оглед на тоа каде се наоѓа, ќе се смета за цел.

Back to top button
Close