По 14 часа под урнатините, спасено седумгодишно момче во Украина

Седумгодишно момче беше извлечено живо од урнатините на станбена зграда во Димер, во Киевската област во Украина, дури 14 часа по рускиот напад во кој загинаа најмалку 11 лица. Детето е во стабилна состојба и е пренесено во болница.

Screenshot

Спасувачките екипи од урнатата зграда извлекле и 79-годишна жена, која исто така е хоспитализирана. Нападот се случил во неделата околу 5 часот наутро, додека жителите сè уште спиеле. Според украинските власти, зградата била тешко погодена, а дел од објектот бил целосно разнесен.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во спасувачката операција учествуваат повеќе од 130 лица и дека потрагата ќе продолжи сè додека не се утврди судбината на сите исчезнати. Работата на спасувачите е отежната поради новите предупредувања за воздушни напади и постојаната опасност од нови напади.

Во одделен руски напад врз продавница во Вишневе, во истата област, загинале три лица, а 13 биле повредени, меѓу кои и три деца. Во напад врз приватна куќа во Била Церква загинало уште едно лице, а објектот бил зафатен од пожар.

Украинскиот министер за внатрешни работи Иван Вихивски соопшти дека до неделата навечер биле регистрирани повеќе од 70 напади во десет украински региони. Нападната била и електроенергетска потстаница во Днепропетровската област.

Back to top button
Close