СДСМ: „Очи в очи“ – во Србија Вучиќ падна, но сè уште владее со Македонија
СДСМ преку соопштение обвини дека премиерот Христијан Мицкоски ги презема политичките методи и кампањските модели на српскиот претседател Александар Вучиќ, оценувајќи дека и најновата иницијатива „Очи в очи“ со граѓаните е копија на неговиот политички пристап.

Од партијата реагираат и на најавената мерка според која брачните двојки до 35 години нема да плаќаат комунални давачки, оценувајќи дека старосното и брачниот статус како услови создаваат дискриминација. Прашуваат зошто мерката не ги опфаќа и немажените и неженетите млади луѓе.
СДСМ го потсетува Мицкоски и на неговата изјава за потребата од увоз на уште 100.000 странски работници, со оценка дека најавите за нови мерки се поврзани со можна подготовка за избори. Од партијата отвораат и прашања за наводни истраги во Унгарија и Србија, како и за кредити, банка и дрога.
Во соопштението се упатуваат обвинувања и за медиумите, Алта банка, Безбедносно-информативната агенција (БИА) и лицата што, според СДСМ, имаат влијание врз политичките и деловните процеси во Македонија. Партијата прави споредба со случувањата во Србија, тврдејќи дека таму се преземаат мерки против одредени структури, додека во Македонија институциите не реагираат.
СДСМ го обвинува Мицкоски и дека ослободил лице од затвор за да учествува во купување гласови во Брвеница, како и дека државата ја задолжува за, според партијата, сомнителни тендери.






