ПП-апарати имало само во билетарницата, задната врата не ја користеле, а пиротехниката била посилна од претходно – сведочеше хонорарна работничка во „Пулс

Анастасија Соколова, која хонорарно работела во дискотеката „Пулс“, сведочеше на денешното рочиште за пожарот во Кочани. Таа рече дека не се упатила кон задната врата бидејќи од таа страна доаѓал огнот, додека предниот излез веќе бил блокиран од стампедо.

Одговарајќи на прашања од одбраната на Дејан Јованов-Деко, таа објасни дека ја знаела задната врата, но дека никогаш не ја користеле за влез или излез. Не видела ниту некој да се движи во таа насока.

 

— реклама —

 

„Таму беше жариштето на пожарот и оттаму доаѓаше огнот. Јас знаев дека постои таа врата, но никогаш таа не се користеше за влез-излез“, изјави Соколова.

 

LANDOV Горан тврди дека видел полицаец како пие алкохол на должност пред настанот со брат му

Таа сведочеше дека по повикот на Панчо присутните да го напуштат објектот, заедно со колешката Марија се нашле во паника. Кога се обиделе да излезат од шанкот и да се упатат кон предниот излез, веќе настанало стампедо во кое сите биле заглавени. Според нејзината проценка, во големиот шанк останале уште неколку минути, но помалку од десет.

„Имаше настанато стампедо. Сите се заглавивме. Јас изгубив свест зашто бев силно удрена во ѕидот. Се освестив, видов сите бевме заглавени. Четворица мажи беа клекнати на колена и прегрнати. Им реков може ли да станете да одиме кон излезот? Но немаше никаква реакција од нив. Јас згазив преку едниот, се фрлив кон излезот”, плачејќи зборуваше девојката.

Во врска со пиротехниката, Соколова рече дека не видела кој ја поставувал, ниту знае како изгледале средствата. Потврди дека пиротехника се користела и претходно, но светлината за време на критичната вечер била многу посилна од онаа што ја забележувала порано. Слушала разговори за ангажирање пиротехничар од страна на Деко, но не видела такво лице.

…

Повеќе

Back to top button
Close