Фирмите-клиенти на „АЛТА банка“ од денеска можат неограничено да располагаат со новите приливи

Од денеска, 25 ноември, правните лица кои имаат сметки во „АЛТА банка“ АД Битола можат без ограничување на износот да располагаат со новите приливи префрлени од платежни сметки во други банки и кај други даватели на платежни услуги, информира Народната банка.

Оваа можност веќе ја имаат и физичките лица, кои можат целосно да ги користат новите приливи, вклучително и плати, пензии и социјални трансфери, доколку средствата пристигнуваат од сметки во други банки.

Клиентите можат да располагаат со средствата преку електронско и мобилно банкарство, платежни картички или подигнување готовина на шалтерите на Банката.

Продолжуваат да работат и филијалите во Струмица, Тетово и Прилеп, како и експозитурата во скопскиот трговски центар „Бисер“. Таму клиентите можат да подигнуваат готовина во рамките на утврдените ограничувања, да плаќаат комунални услуги, да отплаќаат кредити и да вршат други уплати.

За електронското и мобилното банкарство остануваат во сила неделните ограничувања од 15.000 денари за клиентите со платежни картички и 20.000 денари во период од две недели за клиентите без картички. Лимитите се однесуваат на сите сметки и канали за плаќање и повлекување средства.Народната банка соопшти дека продолжува да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ и да презема активности за олеснување на пристапот на клиентите до нивните средства.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close