ЛДП: Фатени сте во лага, па сега манипулирате – исплатете на студентите што им следи по закон, или ќе одговарате пред суд

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение бара Владата и Министерството за образование и наука веднаш да ја исплатат законски утврдената висина на субвенционираниот студентски оброк, усогласена со инфлацијата, како и ретроактивно да ги надоместат средствата што, според партијата, досега не им биле исплатени на студентите.

Од ЛДП тврдат дека Владата и МОН се обидуваат да ја променат висината на оброкот и да ја доведат јавноста во заблуда со новиот износ од 156 денари. Партијата потсетува дека поднела тужба пред Управниот суд поради, како што наведува, прекршување на Законот за субвенциониран студентски оброк, а потоа истото го сториле и студентски организации.

Од партијата сметаат дека законот е јасен и дека нема простор за дополнителни толкувања или преговори. Бараат исплатата да се изврши без одложување, не само за тековната година, туку и за претходниот период во кој, според нив, на студентите им биле скратени средства.

ЛДП ја повика Владата да ги исплати сите средства што законски им следуваат на студентите, предупредувајќи дека институциите ќе треба да одговараат пред суд доколку продолжат со неприменување на законските одредби.

„Во Македонија или ќе владее правната држава во која законите важат подеднакво за сите, или вие директно ќе ја понесете одговорноста за целиот институционален хаос што го создавате“, порачуваат од партијата

Back to top button
Close