Медиуми во Србија: Уапсен главниот уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ
Главниот и одговорен уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, денеска е уапсен, пренесува Telegraf.rs.

Како што објави „Информер“, Вучиќевиќ бил пресретнат на 50 метри од зградата на телевизијата од „припадници на органите на редот, кои не биле униформирани“.
Тој, наводно, бил однесен во полициската станица во Вождовац.






