Митовски: АХВ, Агенцијата за одземен имот и МВР добија задолженија од Владата за добитокот во Крива Паланка – но недостасуваат рокови

„Останувам внимателен и на дневна основа ќе ги следам исполнувањето на сите предвидени активности и заклучоци од акцискиот план. Бидејќи во документите од информацијата и заклучоците од Влада немаме прецизни рокови за почеток и завршување на акцијата, останува и отворено прашањето за говедата коишто сѐ уште немаат ушни маркици и правосилни решенија за одземање“, вели градоначалникот во видеоизјава на неговиот фејсбук-профил

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, соопшти дека, според сознанијата што ги имаат, на вчерашната владина седница е усвоена информација со конкретни задолженија и заклучоци за надлежните институции околу проблемот со добитокот во општината. Поради ова, Митовски во видеоизјава на неговиот фејсбук-профил рече дека најавените протести и радикални активности се ставаат во мирување. Сепак, тој посочува дека во усвоената информација недостасуваат прецизни рокови, а остануваат отворени прашања за грлата добиток што сè уште немаат ушни маркици и правосилни решенија за одземање.

Според Митовски, со владините заклучоци се потврдуваат аргументите на Општината и на граѓаните кои, како што вели, биле изнесувани во изминатите две и пол години, а за кои досега имало молк и несогласувања.

Кој за што е задолжен според владините заклучоци

Митовски во обраќањето ги пренесе утврдените обврски на институциите, наведувајќи дека Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е надлежна за заловување и одземање на добитокот и е главен носител на оперативните активности, додека Агенцијата за управување со одземен имот е одговорна за преземањето, транспортот, сместувањето и згрижувањето на одземените говеда.

Министерството за внатрешни работи (МВР), пак, според усвоената информација од Владата е задолжено за полициска асистенција и обезбедување на теренските активности.

 

Протестите во мирување

Како прв човек на општината, Митовски ја поздрави одлуката, оценувајќи ја како значаен чекор напред, но нагласи дека борбата не завршува тука. Вели дека на институциите ќе им се даде шанса и простор да го реализираат акцискиот план, при што во овој момент се ставаат во мирување сите најавени протести и други радикални активности.

Сепак, тој најави дека на дневна основа ќе ја следи реализацијата на предвидените активности и заклучоци, укажувајќи на две клучни слабости во досегашните владини документи.

„Останувам внимателен и на дневна основа ќе ги следам исполнувањето на сите предвидени активности и заклучоци од акцискиот план. Бидејќи во документите од информацијата и заклучоците од Влада немаме прецизни рокови за почеток и завршување на акцијата, останува и отворено прашањето за говедата коишто сѐ уште немаат ушни маркици и правосилни решенија за одземање“,

 

вели Митовски.

Градоначалникот на Крива Паланка вели оти очекува институциите да постапат без дополнително одлагање и да обезбедат целосно и трајно решение. Како што порача, вистинска победа ќе биде прогласена дури кога граѓаните ќе можат безбедно да се движат, кога нивните имоти ќе бидат заштитени и кога ќе престанат секојдневните штети.

„Дотогаш нема отстапување“,

порачува градоначалникот.

 

Протести, советнички обвинувања и физички напад

На одлуката на Владата ѝ претходеа повеќегодишни тензии околу неконтролираното движење на крупен добиток во Крива Паланка и околината, работни состаноци за акциски план, протести, политички препукувања и пријави за сериозни инциденти.

 

Нацрт-верзијата на акцискиот план за владината седница, како што информира градоначалникот на Крива Паланка за „360 степени“, бил презентиран на работен состанок во Министерството за земјоделство, одржан минатата недела. На него присуствувале министерот за земјоделство, директорите на АХВ и на Агенцијата за управување со одземен имот, како и претставници на МВР. Митовски тогаш ни изјави изјави дека сѐ уште нема конечно и трајно решение сѐ додека не почне конкретно постапување на терен, оценувајќи дека акцијата, доколку има волја и искрена намера од сите институции, може да се спроведе за помалку од десетина дена.

 

 

Според градоначалникот, едно од барањата на Општината било во планот да се вметнат буџетска и временска рамка, како и согласност од Бирото за јавни набавки за да може да склучува договори за логистичка и оперативна помош, повторувајќи дека Општината нема законска надлежност сама да заловува крупен добиток.

 

 

Дел од добитокот што неконтролирано се движи низ Крива Паланка и околните населени места / Фото: Принтскрин

Осврнувајќи се на последниот официјален податок од вонредниот инспекциски надзор на АХВ во којс е поосчува дека има околу 480 незгрижени грла добиток, Митовски оцени дека реалната бројка на терен, според информациите на жителите и секојдневната состојба во градот, достигнува околу 1 000 грла.

 

Обвинувања меѓу градоначалникот и советниците од ВМРО-ДПМНЕ

На протестот поради неконтролираното движење на добитокот во саботата, Митовски повторно ги повика АХВ и Агенцијата за управување со одземен имот итно да постапат и побара централната власт да го разгледа акцискиот план на владината седница, најавувајќи радикализација на протестите во спротивно. За време на протестот, дел од медиумите објавија дека дошло до туркање меѓу полицијата и насобраните граѓани.

 

Туркање меѓу граѓаните и полицијата на протестот против неконтролираното движење на добиток низ Крива Паланка

Паралелно, членот на Советот на Општина Крива Паланка од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ристовски, изјави дека градоначалникот и мнозинството во Советот на претходната седница одбиле да поддржат, како што рече, конкретен и сеопфатен план со четири оперативни мерки, утврдени рокови, институционална координација, финансиска конструкција и контролен механизам. Ристовски го обвини Митовски дека со месеци ја префрла одговорноста и бара виновници без да понуди решение

Back to top button
Close