Пожар во поранешниот Дисконт „Тинекс“ на булеварот „Борис Трајковски“

Магацински простории на поранешниот Дисконт Тинекс на булеварот Борис Трајковскк се запалија вечерва.
Пожарот избувна во придружни простории кои порано се користеа како магацини за утовар на стока. На терен се скопските пожарникари и полициски службеници. Пожарот експресно е локализиран од седум пожарникари кои пристигнаа две возила.
Во моментот работат на целосно гаснење на пожарот. Овој објект повеќе од една година е затворен, уште пред продажбата на Тинекс.
На ова место имаше иницијатива за промена на Деталниот урбанистички план и идеја за изградба на зграда, но тоа никогаш не се реализираше.






