У15: Македонските фудбалери втор пат поразени од Србија

Откако во вторникот загуби со 3-1, македонската фудбалска репрезентација до 15 години попладнево претрпе пораз и во вториот контролен дуел против селекцијата на Србија, овој пат со 5-2.
Серијата голови ја кога Новак Туфекџиќ, кој во 4. минута ѝ донесе предност на Србија, а истиот фудбалер го усвои водството на гостите во 28. минута од пенал.
Во финишот од првото полувреме избраниците на селекторот Горан Георгиевски успеаја да ја намалат предноста на противникот со голот на Ненад Јовановиќ.
По седум минути игра во вториот дел, Србија поведе со 3-1 преку Матео Андрејиќ, а Раде Вулиќ зголеми на 4-1 по еден час игра.
Во 71. минута судијата, Марко Мартиновски биеше прецизно од белата точка за 4-2, а конечниот резултат го постави Вулиќ со својот втор гол на натпреварот во 89. минута.






