Македонските ракометарки со победа над Грција се пласираа Европското кадетско првенство

Македонската репрезентација за ракометарки до 17 години со победа вечерва во Скопје над селекцијата на Грција со 18:13 обезбеди пласман на Европското кадетско првенство.

 

Македонските ракометарки го завршија квалификацискиот турнир што се играше во спортската сала „Расадник“ со четири бодови и како второпласирана обезбеди пласман на континенталниот собир.

 

Во воведното коло, Македонија триумфираше над Косово, а во второто коло загуби од Литванија, која заврши првопласирана во групата со максимални шест бодови.

 

Домаќин на Европското кадетско првенство идното лето ќе биде Црна Гора, а ќе учествуваат вкупно 24 селекции.

Back to top button
Close