Тешко повреден 51-годишен маж додека работел во Македонската опера и балет


Педесет и едногодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во Националната установа Македонска опера и балет (МОБ) во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, на 29 септември 2025 година, во 20:44 часот, во СВР Скопје од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.К. (51) од Скопје.

Поради повредите, мажот подоцна бил пренесен во приватна болница за понатамошно укажување медицинска помош.

Според пријавеното во полицијата, повредите ги здобил при извршување работни задачи во Македонската опера и балет.

Back to top button
Close