Каква врска има што биле татковци за да им се намали казната под законскиот минимум, Фетаи пред Апелација бара повисоки затворски казни за Алими и Гури од ДУИ
Обвинителката во „Титаник 3“ за изборни нерегуларности Фатиме Фетаи во поднесената жалба до Апелациониот суд се противи на ниските казни од по три ипол години затвор против поранешниот координатор на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими и сопартиецот Исмет Гури, кога за делото за кое првостепено се осудени, пропишана е минимална казна од пет години, пишува СДК.
Иако законот дава можност при олеснителни околности минимумот да се намали за некој месец, година, таа се жали на причините за одењето длабоко под минимумот: возраста на осудените и семејниот статус, што според неа немаат никаква врска и не се олеснителна околност во делењето правда.
Во жалбата, Фетаи наведува дека првостепениот суд правилно ја утврдил фактичката состојба и ги казнил обвинетите, но се противи на неоправдано смалените казни.
„Во образложението на пресудата се наведува дека Гури имал 56 години и 3 полнолетни деца, а Алими 40 години и три малолетни деца и тоа е сè што е наведено како олеснителна околност“, потенцира Фетаи во жалбата.
Повеќе на СДК.