Франција утре ќе расправа за нови мерки за борбата против Ковид-19 

Претседателот на Франција Емануел Макрон во следните неколку недлеи сака да даде видливост  на борбата против коронавирусот во земјата, откако епидемијата почна повторно да се распалува, јави дописникот на МИА.

На Корзика, каде учествува на  самитот на земјите од југот на Европска унија, Емануел Макрон вети дека утре  ќе има одлуки во врска со Ковид-19.

-Она што мора да го направиме е да се прилагодиме на еволуцијата на вирусот (…) Ние ќе мора да донесеме одлуки, но еве, мислам дека мора да продолжиме да бидеме строги, реални, без да попуштиме на било каква паника, изјави тој.

Во петок ќе се одржи Советот за одбрана, на кој треба да се донесат неколку мерки, особено за големите градови каде што циркулацијата на вирусот е особено активна. Може да се донес еодлука за локализирани карантини, како и за затворање на одредени јавни места или забрана за собирање.

Претседателот ја подвлече потребата од „територијално“  спроведување на донесените одлуки и уште еднаш ги повика Французите „да го преземат својот дел од одговорноста, затоа што сите се засегнати страни во оваа борба против вирусот“. 

Back to top button
Close