Канадската компанија „Ер Трансат“ ќе отпушти 2.000 вработени

Канадската компанија „Ер Трансат“, со седиште во Монтреал, има намера да отпушти 2.000 лица или 40 проценти од персоналот.

Претседателот и извршен директор на компанијата Жан-Марк Устас преку во соопштение наведува дека е неопходна владина помош за опстанок авионската индустрија.

„Бидејќи Канада ги одржува најстрогите гранични ограничувања, а карантинот продолжува да се користи при враќање, време е Владата да ја поддржи авијацијата за да ја зачува конкурентноста на авионската индустрија во Канада, рече директорот на компанијата.

Во последниот квартал, приходите паднаа 98,6 проценти во споредба со истиот квартал во 2019 година. Ова резултираше со нето загуба од 45,1 милиони американски долари (1,20 долари по акција), во споредба со загуба од само 1,5 милиони долари (четири центи по акција) во третиот квартал на 2019 година.

Во текот на последниот квартал на 31 јули, авионите на „Ер Трансат“ беа во функција само една недела. Некои летови продолжија на 23 јули по прекинот на 1 април.

„Трансат“ опслужува 11 европски дестинации во Франција, Велика Британија и Португалија, како и Мексико, Доминиканска Република и Хаити. Тој исто така нуди програма што ги поврзува Монтреал, Торонто, Калгари и Ванкувер. паг/

Back to top button
Close