Утврден идентитетот на учесниците во настанот во врска со видеото објавено на социјалните мрежи

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што јавноста ќе биде соодветно информирана.
Ова се наведува во денешното соопштение од МВР во врска со видео материјалот што денеска беше објавен на социјалните мрежи, а на кое, како што стои, се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници
Полициска бруталност врз Ромите
РОМИТЕ НЕ СЕ ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД! #МожетеПовеќеМожетеПолошоУжаснати сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи каде се гледа полициска бруталност врз лица од ромската етничка заедница. Бараме секторот за внатрешна контрола при Министерство за внатрешни работи да го испита случајот и да ги санкционира сторителите. Zoran Zaev Bojan Maricik Oliver Spasovski ВЕТИВТЕ ДЕКА ПРАВДА ЌЕ ИМА? ВАКА ЛИ ИЗГЛЕДА ПРАВДАТА?Венко Филипче дo каде е истрагата за смрта на родилката од Шуто Оризари, дали воопшто случајот се истражува?ДО КОГА РОМИТЕ ЌЕ БИДАТ ЖРТВИ НА СИСТЕМОТ!ВРЕМЕ E РОМИТЕ ДА ГО КРЕНАТ СВОЈОТ ГЛАС!
由 AVAJA 发布于 2020年9月24日周四






