Ативистот Достовски доби условна казна: Ова значи дека ќе одам во затвор оти ќе го повторам делото

Активистот Филип Достовски кој произведува масло од канабис доби условна пресуда, рече неговиот адвокат, Сашко Дуковски по судењето.
Адвокатот посочи дека Достовски не го сторил делото и затоа не се задоволни од одлуката на судот и истата ќе ја обжалат до повисоките судови, но и пред судот за човекови права во Стразбур.
Активистот Достовски рече дека условната казна значи дека тој утре треба да оди во затвор, бидејќи тој ќе продолжи да биде корисник на марихуана.
„Осуден сум условно иако објаснив дека јас сум корисник на марихуана. Во аптеките нема ништо што мене ми одговара, така што морам сам да си го направам. Условна осуда значи дека јас нема да лежам во затвор, а од друга страна пак, ме осудуваат како криминалец. Ова можеби е невкусно, ама јас ќе им го повторам делото. Оваа пресуда значи дека јас утре ќе треба да одам во затвор. Тие денес ме пуштаат, но знаат дека делото утре ќе го повторам, задутре и ден после тоа. Не само јас, туку и илјадници луѓе во државава. Така што, еве го повторив делото, ги чекам дома да ме земат“, рече Достовски, пушејќи марихуана.






