Стартуваше 19 то издание на фестивалот ,,албански театар во РС Македонија
![]()
Синока во Дебар стартуваше 19 издание на фестивалот ,,Албански театар во РС Македонија,, на кое учествуваат седум театри од нашава земја ,Албанија и Косово.
Фестивалот го прогласи за отворен градоначалникот на Дебар Хекуран Дука кој нагласи дека овој фестивал има големо значење за театарската уметност не само во Дебар туку и пошироко . Посакуваме овој фестивал да продолжи успешно и во наредните години додаде Дука. Директорот на фестивалот Илбер Нуредини рече дека поради состојбата со пандемијата од Ковид 19 , оваа година фестивалот се одржува под отворено небо во дворот на деветоилетката ,,Саид Најдени ,, во Дебар. Тој нагласо дека во текот на сите вечери на фестивалот ке се почитуваат мерките за заштита од Ковид 19 онака како што е пропишано со протоклите за фестивалите .
По свеченото отварање на фестивалот беше прикажана комедијата ,, Негледам, неслушам и не зборувам ,, на авторите Донард Хасани и Валдрин Асани во изведна ба театарот ,,ПТ ДВШ,, од Тирана .
Управата на дебарскиот фестивал информираше дека претседател на жири комисијата оваа година е Џеват Лимани . Фестивалот завршува на 29 септември со доделување на наградите за најдобра престава , најдобра реѓија и најдобар актер и актерка.
Фесативалот ,, Албански театар во РС Македонија и оваа година е пдоржан од страна на Министерството за култура , општината Дебар а како подржувачи на фестивалот се јавуваат и центарот за култура во Дебар и неколку компании.
КМ






