Владата побарала од Општина Центар да се отстранат Портата и споменикот на Мајка Тереза

Владата доставила барање до Општина Центар од новиот детален урбанистички план „Мал ринг“ да се избришат маркичките на Порта Македонија и споменикот на Мајка Тереза. Работната група за справување со проектот „Скопје 2014“ која беше формирана од Владата на СДСМ по доаѓањето на власт во 2017 година, за овие два објекти кажа дека се дивоградби и при нивната изградба прекршени се низа закони.

Од Општина Центар за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека за време на јавната анкета за Деталниот урбанистички план добиле барање и од Владата да се избришат овие два објекти. Сега чекаaт одговор од Министерството за култура под чија надлежност се овие објекти, дали се согласуваат и тие со ова барање, по што ќе може да бидат тргнати од планот.

Ваквото барање на Владата е спротивно на претходната одлука, со која побара од Министерството за култура споменикот на Мајка Тереза да се пренамени. На ваквата владина одлука реагираа Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Работната група за справување со проектот „Скопје 2014“, како и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и бараат тој веднаш да се урне.

Повеќе на СДК.

Back to top button
Close