Онлајн премиера на видео проектот „Револуција во живо“ на Теа Беговска

Интернационалниот видео проект „Револуција во живо“ на режисерката Теа Беговска вечер, во 20.15 часот, ќе има онлајн премиера на платформата YouTube.
Во проектот се вклучени актери од пет држави: Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Франција, Мексико и Турција. Во проектот исто така учествуваат и други актери, музичари и уметници од сите пет држави.
Играат: Дина Мушановиќ, Томе Станковски, Пјер Мениер, Џорџ Ангелс, Зејнеп Нутку и Рујиш Беговска.
Актерите се исто така автори на видеата во кои зборуваат на пет теми: љубов, верба, надеж, храброст и вистина. Теми кои се дел од нивните животи и професии. Искажувајќи ги своите мисли и чувства пробуваат да го променат секојдневието.
Проектот е поддржан од Министерство за култура и беше реализиран за време на карантин.
Премиерата може да се следи на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=Dy7ugq_NWnU

Back to top button
Close