Ја држел киднапирана цел месец, ја силувал…: Дошла од Германија, преживеала 10 дена хорор во Гази Баба
Дваесет и петгодишниот Е.А. од Скопје е лишен од слобода откако полицијата открила дека со денови држел во заробеништво, физички малтретирал и силувал 22-годишна жена. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, жртвата неодамна пристигнала од Германија за да се сретне со осомничениот, со кого претходно се познавала.

Пеколот за младата девојка започнал на 23 февруари оваа година, кога во неговиот дом во скопската населба Гази Баба тој физички ја нападнал, ка силувал и постојано ѝ упатувал закани по животот.
За да го прикрие делото и да ја спречи да побара помош, насилникот ѝ го одзел мобилниот телефон и строго ѝ забранувал да го напушта домот сама. Дури на 4 март, кога жртвата успеала тајно да стигне до телефон и да ѝ се јави на својата мајка. Мајката веднаш ја алармирала полицијата, по што екипи на СВР Скопје пристигнале на точната адреса, извршиле проценка на ризикот и ја спасиле девојката.
Осомничениот е уапсен вчера (5 март) во 16:55 часот. За случајот е известен Јавен обвинител, а од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на доказите, против Е.А. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка






