“Ја фатив за колковите за да не се лизнам” Жерар Депардје призна дека допирал една од тужителките која го обвини за сексуален напад
Францускиот глумец Жерар Депардје призна дека ја допирал за колковите една од тужителките која го обвини за сексуален напад. Но, тој одрече дека се работи за напад, додавајќи и дека сите несоодветни коментари што ѝ ги дал, биле резултат на неговото лошо расположение.
Амели К. вели дека глумецот ја допирал по целото тело против нејзина волја, ја држел и ѝ упатувал недолични сексуални коментари, додека таа била преплашена, а тој се смеел. Сѐ тоа се случувало за време на снимање филм во 2021 година.
– Да, потврдувам дека ја зграпчив за колковите, па ѝ ги кажав тие не толку убави работи, но не со цел да ја допирам, изјави Депардје.
Тој имено, појасни дека, наводно, ја фатил Амели К. „за да не се лизне“ самиот тој, бидејќи бил вознемирен и уморен.
Адвокатот на тужителката истакна дека Депардје ја променил својата верзија за настаните, откако претходно одрекуваше дека ја допирал. Глумецот, на тоа, одговори: „Ако велите така“…
Актерот на судењето, исто така, се жалеше колку му било тешко да види како општеството се менува. – Мислам дека моето време помина!, прокоментира кусо тој.
За време на неговото сведочење, Депардје негираше вина, но призна дека некои луѓе неговото однесување го доживуваат како „вулгарност