А1он: И документ од тетовскиот суд го побива Милошоски дека не бил осудуван во Германија
Запис од казнена евиденција одновно го побива тврдењето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој велеше дека не е осудуван во Германија. Документот до кој дојде „А1он“, а е издаден од Основниот суд во Тетово по барање на Државната изборна комисија на почетокот од претходната година, покажува дека тој бил двапати осудуван. Ова е втор документ кој го демантира Милошоски, кој велеше дека не сторил кривични дела во Германија.

Листата од казнена евиденција е издадена од тетовскиот суд, а на документот има потписи од вработените лица кои ја изготвиле и провериле, како и од заменик претседателот на судот. На документот има печат и од Основниот суд во Тетово.
Во документот стои: „Парична казна 40 казнени единици по 20 евра за кривично дело кражба“ и „Парична казна 20 дневници по 20 евра за кривично дело фалсификување на исправи“.
„Има записи во казнена евиденција“, пишува во листата од казнената евиденција на Милошоски.
…






