АА и БЕСА: Парламентарното мнозинство само на хартија има 64 пратеници
Двете опозициски партии на Албанците, Алијанса на Албанците (АА) и Движењето БЕСА стојат на ставот дека парламентарното мнозинство во моментов само на хартија ја има подршката од 64 пратеници.
– Парламентарното мнозинство во моментов на хартија има 64 пратеници што би требало да биде релативно стабилно мнозинство, но за жал не е така во Собранието. Речиси никогаш, во последно време, ова мнозинство не го обезбедува потребниот број од 61 пратеник за да почнат седниците и да се изгласаат законите кои во над 90% од случаите ги предлага власта. Причините зошто тоа се случува треба да се бараат во партиите и пратениците од владината коалиција, истакнал за „Локално“, Сурија Рашиди – пратеник на АА.
И пратеникот на Движењето БЕСА, Фадил Зенедели причината за не функционирањето на Собранието со полн капацитет ја гледа во пратениците на парламентарното мнозиство.
– Парламентарното мнозинство се чини дека има проблеми со одредени свои пратеници, па затоа Собранието не функционира со полн капацитет во спроведувањето на зацртаниот дневен ред. Изгледа „пожарот“ се уште не е изгаснат, изјави Зендели за „Локално“, алудирајќи на незадоволствата на „Огнената група“ од владејачката ДУИ.