Администрацијата на Трамп би можела да им плати на жителите на Гренланд до 100.000 долари за да се приклучат на САД

Администрацијата на претседателот на СAД, Доналд Трамп, разговараше за исплата на жители на Гренланд помеѓу 10.000 и 100.000 долари по лице, во обид да ги убеди да се отцепат од Данска и потенцијално да се приклучат кон САД.

Според американски медиуми, администрацијата се уште не постигнала конечен договор за сумата што потенцијално би ја понудила или за логистиката за обработка на плаќањата.

Претходно оваа недела, американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја отфрли можноста за употреба на воена сила за преземање на островот, нагласувајќи дека Вашингтон наместо тоа би сакал да ја купи територијата, што во моментов е данска територија.

 

 

Back to top button
Close