Адвокатите на обвинетите во „Пулс“ инсистираат да сведочат повредени од пожарот и покрај нивните трауми

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, одбраната на обвинетите предизвика бурни реакции со инсистирањето да сведочат повредени кои се наоѓаат во тешка психофизичка состојба. Поточно одбраната не дозволува повлекување на сведоците, иако обвинителството побара повлекување на дел од сведоците поради нивните претрпени трауми и физички повреди.

Од одбраната реагираа и прашаа како сведоците биле способни да даваат искази во истрагата, а сега не се. Дополнително, велат дека и обвинетите се под под постојан стрес, но сепак уредно се појавуваат на рочиштата. По ваквиот став на одбраната, обвинителите се принудени да ги испратат истрауматизираните сведоци на психијатриско вештачење за да се утврди нивната моментална способност за сведочење.

Родителите на загинатите деца, кои го следат процесот, не го криеја револтот во судницата. Според нив, ваквиот однос на адвокатите е нечовечен и претставува намерно опструирање и развлекување на правдата

Back to top button
Close