АЕК: Ниедна сила не може да им направи неправда на навивачите како што се обидоа да го направат властите во Скопје

Едногласно беше донесена тешка, но неопходна одлука – соопшти грчкиот клуб АЕК по вчерашната одлука на раководството ракометниот клуб да не го одигра натпреварот против Алкалоид во Скопје, откако дел од нивните навивачи беа пуштени, а дел вратени од македонско-грчката граница.

„АЕК значи чест, гордост, почит, морални вредности. АЕК значи семејство, АЕК значи сојуз! Најголемата поддршка на АЕК низ историјата биле неговите навивачи и непочитувањето на навивачите е непочитување и на АЕК“,соопштија од грчкиот клуб.

Оттаму велат дека не постои сила што ќе им направи неправда на навивачите како што тоа се обиделе да го сторат локалните власти во Скопје, додавајќи дека нема да преговараат за честа на АЕК. Додаваат дека неправдата кулминирала со тоа што на дел од навивачите не им било дозволено да ја преминат границата и да влезат во земјата како што било договорено.

Навивачката група на АЕК, пак, го оцени вчерашниот ден за историски за клубот бидејќи играчите отфрлиле нешто толку важно како што е европски трофеј за да ги поддржат навивачите на АЕК.

Реваншот меѓу Алкалоид и АЕК од финалето во ЕХФ Европскиот куп што требаше да се одигра вчера во салата „Борис Трајковски“ во Скопје не започна, откако ракометарите на гостинскиот тим одбија да излезат на терен

Back to top button
Close