Џаферовска: По тргедијата во Велес СДСМ бара оставка од Панче и разрешување на цело СВР Велес

По трагедија во Велес која можеш да биде спречена, овде, пред Министерството за внатрешни работи бараме итно разрешување на цело СВР Велес и одговороност од Панче Тошковски, вели Зана Џаферовска од Форум на жени на СДСМ во изјава за медиумите.

Осуда и одговорност за овој случај не се прашања на политика туку на човечки и етички норми.

Жената повеќепати барала заштита, пријавувала закани, насилство, кражби, според некои медиуми над 70 пати. Полицијата знаела, социјалните служби знаеле, институциите не мрднале со прст.

 

Страшно и болно истовремено.

Институциите не успеаја да заштитат живот на една жена и на еден човек. Само поради нивното молчење и непреземање ништо има два згаснати животи.

Ова е порака до сите нас дека системот потфрли. А кога системот не ги штити жените тогаш мора да има одговорност и тој систем мора да се промени од корен.

Жените во Македонија не смеат да живеат во страв живеат во страв за својот живот, и својата безбедност сам затоа што нивните пријави ќе завршат во некоја фиока.

Ние денес сме тука да кажеме: доста е!

Уште колку човечки животи треба да згаснат за Тошковски да понесе одговорност?

 

 

Изјава за медиуми, Зана Џаферовска од Форум на Жени на СДСМ

Back to top button
Close