Африм Гаши во посета на Италија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, од денеска до 9 мај ќе предводи собраниска делегација во официјална посета на Италија.

Во составот на делегацијата се членовите на пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Италија, Благица Ласовска и Димитар Ковачевски, потоа пратеничката Мимоза Муса, член на Комисијата за европски прашања, како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Согласно програмата, соопшти денеска собраниската прес-служба, предвидени се средби со Лоренцо Фонтана, претседател на Долниот дом на Парламентот на Италија, со сенаторката Ема Паванели и членовите на билатералната група за соработка со државите од Балканот, со претседателот на Комисијата за надворешна и европска политика, Џулио Тремонти и членовите, како и со претседателот на Комисијата за ЕУ политики, Алесандро Џиљо Виња, и членовите.

 

Во рамките на програмата, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, како што е најавено, ќе оствари одделна средба со д-р Фабрицио Касталди, генерален секретар на Домот на пратеници на Парламентот на Италија.

Меѓу другите активности, во просториите на Амбасадата на РС Македонија во Рим, за претседателот на Собранието и делегацијата е организирана средба со претставници на дијаспората во Италија

Back to top button
Close