Агенцијата за разузнавање има нови сознанија за „Диво Насеље“

Имаме нови сознанија за кумановските настани од 2015 година и деновиве треба да имаме средба со Јавното обвинителство да видиме како може да помогнеме за целосно расветлување на случајот, вели за РСЕ директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.

Сите тајни за „Диво Насеље“ не се закопани со смртта на водачите на кумановската група Бег Ризај и Мирсад Ндрецај. Агенцијата за разузнавање има нови сознанија, а обемна анализа за настанот е предадена во Јавното обвинителство, вели директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу во интервју за Радио Слободна Европа, кое во целост порталот ќе го објави наредната недела.

Тој најавува дека Агенцијата претходно била неискрена со Јавното обвинителство и оти наскоро треба да има средба со обвинителите да видат како ќе може да помогнат во расветлувањето на случајот.

-За мотивите на групата, јасно е дека преовладувал политичкиот мотив за ангажирање на припадниците, иако се споменува и финансискиот момент. Нејасна е причината за контактите на оперативците со водачите на вооружената група, односно недостасуваат информации за нападот во Гошинце и упадот на групата во урбаниот дел на Куманово. Но, добро е што јавноста ја разбра новата реалност во Агенцијата, односно автономноста и објективноста во нашето работење, па почнавме да добиваме и нови информации кои за Агенцијата претходно беа непознати. Сепак, сметам дека одреден дел од потребните сознанија за да го комплетираме целиот случај се наоѓаат кај некои од осудените. Не исчезнаа сите тајни со загинувањето на двоецот Ризај и Ндрецај –  вели Муслиу во интервјуто за Радио Слободна Европа кое во целост ќе биде обавено во недела.

повеќе

Back to top button
Close