Агуеро пренесен во болница поради болки во градите

Напаѓачот на Барселона, Серхио Агуеро е пренесен во болница, откако се пожалил на болки во градите и вртоглавица за време на синоќешниот прволигашки натпревар против Алавес (1-1) на домашен терен.

– Серхио Агуеро чувствуваше болки во градите во поголемиот дел од натпреварот во првото полувреме и пренесен е во болница на кардиолошки испитувања, соопшти Барселона.

Аргентинскиот напаѓач беше заменет со Филипе Кутињо во 41 минута.

Претходно Агуеро неколку пати сигнализираше кон клупата на Барселона да биде заменет, а кратко потоа фудбалерот легна на тревата држејќи се со рацете во пределот на градите.

По интервенција на медицинскиот тим, 33-годишниот фудбалер се подигна на нозете и без лекарска асистенција го напушти теренот.

Back to top button
Close