Ахмети до „Огнените“:Не сум коњ во фигурите на шахот. Или сум претседател, командант, или не сум

Запрашан за изјавата на потпретседателот на ДУИ Изет Меџити дека ‘поради една болва не се гори јорганот’ во врска со ситуацијата меѓу групата на незадоволници во ДУИ и министрите во извршната власт од оваа партија, лидерот на „интегристите“ Али Ахмети одговори: ‘За една болва не се кршат ќерамидите на куќата, ниту се урива кровот на куќата’.“ – објави ТВ 21.

t

Инаку, Изет Меџити јасно целеше на вицепремиерот Артан Груби, но барем засега останува нејасно на која „болва“ мислел Ахмети.

На партискиот собир на ДУИ во гостиварското село Чегране Ахмети денес ги коментираше и постапките на групата на незадоволници во партијата. Ахмети нагласи дека се надева оти тие незадоволници ќе размислат и дека нема да продолжат со поделби.јавува тв 21.“

„Не чувствувам никаква обеспокоеност, вистина е и кажувам меѓу браќата: чувствувам душевна болка, бидејќи децата ги растеле со амблемите на ДУИ, сме си оделе едни на други на свадби и веселби. Мислам дека ќе поразмислат и оти нема да продолжат со поделбите. Јас не сум коњ во фигурите на шахот: или сум претседател, командант, или не сум.

Back to top button
Close