Акционен план и стратегија за намалување на штетните гасови во Турција до 2030 година

Турскиот акционен план и стратегија за борба против ефектите од климатските промени предвидуваат намалување на емисиите на стакленички гасови до 21 процент до 2030 година, изјави претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Присуствувајќи на онлајн самитот за клима, чиј домаќин е американскиот претседател Џо Бајден, Ердоган истакна дека Турција е исто така една од земјите кои се најпогодени од климатските промени, иако не носи речиси никаква историска одговорност за зголемувањето на штетните гасови во атмосферата.
– Климатските промени ќе влијаат не само на одделни земји кои најмногу го загадуваат светот, туку и на целото човештво, почнувајќи од земјите на африканскиот континент, изјави турскиот претседател.
Илустрирајќи ги активностите на Анкара за климатските промени, Ердоган нагласи дека Турција засадила вкупно 5,1 милијарди садници во изминатите 18 години и ги зголемила своите шумски ресурси од 20,8 милиони на 22 милиона хектари.






