„Аксиос“: Трамп во Њујорк со претставници на земјите од Заливот ќе разговара за војната со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник, на маргините на годишното заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк, ќе се сретне со претставници на неколку земји од Заливот за да разговараат за војната со Иран, објави политичкиот портал „Аксиос“.

„Аксиос“ пишува дека Трамп во интерјву за портпалот изјавил оти сака на средбите да разговара со сојузниците во регионот за следните чекори. Притоа се споменуваат претставници на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Оман.
Трамп е предвидено во вторник да има обраќање пред Генералното собрание на ОН.
Сè уште не е познато дали тој во Њујорк ќе се сретне и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. На прашањето на „Аксиос“ дали ќе има средба, Трамп одговорил: „Веројатно“.
Американскиот претседател, исто така, изјавил дека треба да донесе „голема одлука“ во врска со војната со Иран, која е во застој – особено дали да ја „уништи“ Исламската Република или не.
„Ме очекува голема одлука. Дали сакам да продолжам и да ги уништам или не? Тоа е важна одлука. Сè може да ми се случи“, изјавил тој.
„Аксиос“ уште објави дека Трамп не го именувал Иран, но оти во повеќе наврати се заканувал дека ќе ја уништи земјата, со забелешка дека амриканскиот лидер алудирал на иранското раководство.






