Ал Ахли ја совлада Урава во „малото финале‘ на Светското клупско првенство

 Победниците на африканската Лига на шампиони, фудбалерите на египетски Ал Ахли, го освоија третото место на Светското клупско првенство кое денеска ќе финишира во Саудиска Арабија.

Во натпреварот за третото место Ал Ахли вечерва ја совлада јапонска Урава со 4-2 (2-1).

Стрелци на головите за Ал Ахли беа Јасер Ибрахим (19 минута), Тау (25), Коизуми (60, автогол) и Малоул (90+8), додека погодоците за Урава ги постигнаа Канте (43) и Шолц (54).

Во финалето во Џеда вечерва од 19 часот ќе играат европскиот првак Манчестер сити и шампионот на Јужна Африка, Флуминенсе.

Back to top button
Close