Албанија е една од 10-те земји во светот со најзагаден воздух

Во Албанија, загадениот воздух има големо влијание врз јавното здравје, што се рангира како петта водечка причина за смрт.  Според Институтот за јавно здравје , загадениот воздух во Албанија предизвикува околу 4.600 смртни случаи годишно.

Концентрацијата на ПМ2,5 честичките е 16,7 микрограми на метар кубен, што е речиси тројно од нормата дозволена од СЗО, што ја рангира Албанија меѓу 10-те најзагадени земји во светот.

Експертите препорачуваат итни мерки за намалување на загадувањето и заштита на јавното здравје, вклучително и намалување на емисиите на загадувачи, поддршка на политиките за животна средина и подигање на свеста за опасностите што ги носи загадениот воздух.

Како дел од мерките за намалување на аерозагадувањето и зголемување на безбедноста на патиштата, владата најави  забрана на увоз на возила постари од 15 години.

Во земјата ќе биде забранета регистрација на возила кои не го исполнуваат стандардот „Еуро 5“ на Европската Унија. Сегашниот минимален дозволен стандард е „Еуро 4“. Ова и практично значи дека автомобилите произведени пред 2011 година повеќе нема да смеат да се возат на албанските патишта.

Back to top button
Close