Албанската полиција уапсила стружанец кој во гума на комби возило криел килограм хероин
Полицијата од албанскиот град Елбасан уапсила македонски државјани во чие комби возило открила еден килограм хероин, со кое илегално, преку зелениот појас ја минал македонско – албанската граница, каде го чекал албански државјанин.
– Сомнителното возило, во кое патувале државјанинот од Република Македонија, Л. Г.(32) од Струга и албанскиот државјанин А. Б.(45) од Драч, било запрено за проверки на патниот правец Булќиза-Либражд. При контрола во гума на возилото откриени и запленети се килограм хероин, прошверцуван од македонска на албанска територија, преку зелениот појас на границата, стои во полициското соопштение.

Дрогата, според полицијата била наменета за албанскиот нарко пазар.
Исто така, како материјален доказ, освен дрогата, запленети се возилото (комбе) тип „Фиат“, 2 мобилни телефона, како и 40.000 леки, 50 евра и 290 денари. денари.
Материјалите се доставени до Обвинителството во Елбасан за понатамошно постапување а уапсените ќе одговараат за „Трговија со наркотични супстанции“.






