Албанскиот претседател Бегај во посета на земјава, денеска во Општина Чаир и Старата скопска чаршија

Претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај денеска и утре ќе престојува во посета на земјава.

Бегај денеска ќе има средба со градоначалникот на Чаир Изет Меџити, а утре ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и ќе има средби со претставници на државниот врв.

Од Општина Чаир соопштија дека градоначалникот Меџити, во духот на унапредување на институционалната соработка и консолидирање на одличните билатерални односи, денеска со свечен прием во Општината ќе го пречека албанскиот претседател Бегај, кој ќе престојува во официјална посета на нашата држава.

По средбата, заедно со придружната делегација, ќе се упатат кон џамијата Мустафа Паша, а ќе ја посетат и Старата чаршија, каде што ќе положат цвеќе на споменикот на националниот херој Ѓeрѓ Кастриот – Скендербег, проследено со изведба на националната химна и културно-уметничка програма од Државниот ансамбл

Back to top button
Close