Албанскиот претседател Мета сепак не поднесува оставка

Претседателот на Албанија Илир Мета кој во престрет на парламантарните избори одржани во неделата изјави дека ако владеачката социјалистичка партија на премиерот Еди Рама добие над 71 мандат и остане на власт, веднаш ке се повкече од функцијата – денеска соопшти дека нема да се повлече пред истекнување на мандатот во 2о22 година .

Кабинатот на шефот на албанската држава соопшти дека конечниот став на претседателот Илир Мета е дека ,, останува да биде претседател на државата додека не му истече амандатот а тоа е 2о22 година. Потоа ке се врати во партијата која тој ја формираше – Движењето за Социојалситичка интеграција и ке ја води партијата , што сега ја води неговата сопруга Моника Криемади ,, . Притоа се наведува дека претседателот Мета ке бара заштита на уставот а изборите ги оценува како проблематични бидејки според него имало манипулации .

Инаку партијата на Мета ДСИ (ЛСИ ) преку претседателката Моника Криемади, денеска побара од државната изборна комисија исто како пшто тоа го стои и Демократската партија да ги добие сите електронски снимки од камерите од проењето на гласовите . Според неа има големо малверзации со гласовите птиоа обвинувајки ја власта предводена од Еди Рама за фалсификати и неправилности. Самиот факт што има над 82 илајди неважечки ливчиња е доволен доказ дека се е направено на штета на Движењето за Социјалситичка интеграција рече Криемади.Таа додаде дека нема да биде во парламант но затоа ке биде на улица за да ги брани интересите на албанските државијани .

Инаку партијата на претседателот Мета на неделните избори претерпе фијаско биде освои само 4 мандати , а пред 4 години на изборите имаше 19 пратеници . Албанските аналитичари оценуваат дека станува збвор за политичка партија која исчезнува од албанската политичлка сцена .

К. Мимидиноски

Back to top button
Close