Алијанса на албанците: Зошто во модуларната болница немаше опрема за заштита од пожар?

Ги прашуваме општината, болницата и сите други релевантни институции зошто немаше аларм за пожар во модуларната болница и зошто немаше опрема за заштита од пожар.

Сведоци сме дека во изминатите неколку дена се прават различни обиди од надлежните институции да избегаат од одговорноста за загинувањето на  14 лица во пожарот во модуларната болница во Тетово. Јасно се гледа, како и во многу други случаи, дека се обидуваат на крајот никој да не одговара и виновниците да останат анонимни, велат од Алијанса за Албанците.

– Модуларните болници во земјата се изградени со заем од Светска Банка. Ја видовме тендерската документација, која меѓу другото јасно покажува кои институции се надлежни за заштита од пожари, а тоа се тетовската болница и Општина Тетово. Според третиот дел од тендерската документација – план за мониторинг, предвидено е модуларната болница да има план за заштита од пожари и спроведување мерки за заштита. Утврдено е дека општинските инспектори, директорот на болницата и одговорните лица вработени во болницата се одговорни за овие планови и мерки – велат од Алијанса за Албанците.

Од партијата на Зијадин Села упатија неколку прашања до градоначалничката на Тетово Теута Арифи, бидејќи како што велат, таа побрзала да ја тргне одговорноста од себе.

– Дали сте спровеле процедура за инспекција за заштита од пожар како што бара постапката? Ако не, зошто?

Ги прашуваме општината, болницата и сите други релевантни институции: Зошто немаше аларм за пожар во модуларната болница?

Зошто во модуларната болница немаше опрема за заштита од пожар?

Знаеме дека главен изведувач беше фирмата Брако на вашиот долгогодишен партнер Кочо Анѓушев. Дали имало подизведувачи и кои се тие? Особено прашуваме, кој ја инсталирал електричната мрежа?

Дали објектот бил надгледуван и технички прифатен? Кој го направи надзорот – прашуваат од Алијанса за Албанците.

 

Back to top button
Close