Алкалоид триумфира против Пролет во ракометната Суперлига
Ракометниот клуб Алкалоид триумфираше против РК Пролет со 35:26 во меч од 20 коло кој се одигра во рамки на машката ракометна Суперлига.
Најдобар во победничката екипа беше Дамјан Митев со 11 голови, а Александар Петковски погоди шест пати.
Ракометарите на Кирил Лазаров по овој меч се на првото место со 36 бода но и натрпевар помалку од Еурофарм Пелистер.
Во следното суперлигашко коло за РК Алкалоид следи гостување кај тимот на МРК Куманово.